KÖMMERLING 88

KÖMMERLING 88 е претставник на идната генерација на профили со зголемена топлинска изолација, иновативен дизајн, пионер на квалитет и сигурност, благодарение на својата модуларност и иновативни технолошки надградби.

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПРОФИЛИ

Предноста на профилите од овој систем е не само заштедата на енергија туку и големиот архитектонски потенцијал.

Стабилната структура на профилот може да поднесе тројни или ултра модерни функционални стакла со дебелина од 56mm. KÖMMERLING 88 овозможува големи површини на стакло со што се остварува визуелно привлечен  дизајн на стаклена фасада со извонредни вредности на звучна изолација. Покрај тоа, големите површини на стакло овозможуваат премин на поголема соларна енергија – посебно во зимските денови и така ги минимизираат потребите на енергија а со тоа и CO2 емисиите.

 

СПЕЦИФИКАЦИИ

  • Дизајн со тенки профилни линии дозволува и на најголемата количина на светлина да продре и постигне висока енергетска добивка на соларна енергија. Погодни се за пасивни куќи бидејќи имаат вредност.
  • Uf=0,95 W / [m²K]
  • Застаклување до 56mm што овозможува инсталација на тројно и посебно функционално стакло
  • Сигурен пренос на товарот од тешките пакети на стакло до централното челично засилување
  • Ултра модерна технологија за лесно ракување и сигурна функционалност
  • Лесно се чистат, голема трајност и масивност
  • Покрај класичната бела боја нуди широк спектар и на други бои